Фејсбук група

ВОДНО (1066 мнв)


Водно (мапа - 233 КБ) е планина што се издига над Скопје (до подножјето од центарот се стигнува за 10-тина минути). Најпопуларно е искачувањето кое започнува (како и традиционалниот маратон Скопје-Матка) од пред ОУ „Кочо Рацин“ кај последната станица на автобус бр. 50. Постојат инаку и многу други правци од населбите Козле, Црниче, Пржино, с. Шишево, Матка, Сопиште ...
После 5-10 минути по патот лево од училиштето се врти во Почеток на најпопуларната патека откај полициската станица - Фото Тихомир Стојчевскидесно (на местото каде патот врти во лево према хотелот Панорама) и од тука почнува самата патека (има мала фонтана на самиот почеток). Патеката према Средно Водно е маркирана и широка, но има и многу кратенки. За околу 30-40 минути се стигнува до месноста Средно Водно. Од тука може да се продолжи во повеќе правци према врвот, и тоа: по Димитар-Цветкова и Олимписка патека - двете започнуваат по камените скали на почетокот на второто паркиралиште (Димитар-Цветкова се одвојува во десно веднаш после скалите), по Пензионерската која започнува по патот меѓу двете паркиралишта под пл. домот Средно Водно и оди по макадамскиот пат се до месноста Марково крувче и потоа во десно излегува према сртот и по него се до врвот. Може да се продолжи и по асфалтниот пат (дење не е дозволено движење на моторни возила по него без посебна дозвола), по кој се стига до Детското одморалиште (незавршена зграда - карабина) и потоа по макадамски пат се до врвот. Најдиректна патека е онаа по електричните столбови (се одвојува од Олимписката во десно неколку минути по почетокот на патеката после камените скали). Зависно од патеката до врвот од Средно Водно може да се стигне за околу 1-2 часа. Неколку метри под врвот се наоѓа пл. дом Горно Водно.

Опис: Николов Богољуб
13.02.2007

СКОПСКА ЦРНА ГОРА

Црн камен (1585 мнв), Пржар (1626 мнв), Рамно (1653 мнв)

Најчесто почетно место за искачување на врвовите Рамно, Пржар и Црн камен е од с. Побожје до каде може да се стигне со приградски автобус бр. 61 на ЈСП - Скопје. Од Побожје се оди 40-тина минути по асфалтен пат према с. Бродец или по патека покрај реката десно од патот. Потоа има кратенка на местото каде има остра кривина во десно, патеката води во лево. После 20-30 минути се доаѓа до селото. Од селото се продолжува лево по асфалтниот пат и после 5 минути се доаѓа до чешма, потоа во лево се оди по патека над селото и се следи истата во правец североисток, после 20-тина минути од чешмата се поминува мала река и понатаму повторно се излегува на асфалтниот пат кој оди до Рамно. Од тука се продолжува по асфалтниот пат кон Рамно, за 15-20 минути се наидува на камионски пат кој што се двои во десно и продолжува по сртот на планината во правец на Црн камен, за околу 30-40 минути се доаѓа во подножјето на врвот. За да се стигне до највиоскиот врв на Скопска Црна Гора Рамно треба да се продолжи по асфалтниот пат но не е дозволено да се стигне до него заради тоа што на самиот врв има објект на граничната полиција. На третина пат према Рамно се наоѓа врвот Пржар.
Mапа (296 КБ).

Опис: Лисичков Делчо
17.12.2006

КИТКА

Црн камен (1568 мнв)

Со автобус или комбе може да се стигне преку Драчево до с. Долно Количани, кога ќе се влезе во селото на раскрсницата се продолжува лево и се доаѓа до ливадите над селото, од тука почнува патека по која за околу 40-50 минути се стигнува до раскрсница каде се спојува со патеката која почнува од с. Горно Количани. Од с. Горно Количани се тргнува откај селската продавница и тука веднаш има маркација на камењата до продавницата, почнува патека и после 200-300 метри се доаѓа до ритчето кај последните куќи, и од десно се излегува на самото ритче, теренот тука е каменест и за 10-15 минути се доаѓа до шумата, во шумата на едно мало брдо се спојува патеката со онаа од Долно Количани, од почетокот на шумата за 20-тина минути се стигнува до првата чешма која нема вода на една ливада, потоа пак се продолжува низ шума прошарана со ливади и се доаѓа до еден видиковец за околу 30 минути, од видиковецот за 30-40 минути се стигнува до разрушена чешма веднаш под шумски пат, потоа се продолжува по патот и за 10-15 минути се стигнува до остатоците на пл. дом Китка, на 1325 мнв, тука се и неколку викендици. Од домот за до врвот Китка се поаѓа право нагоре низ шумата, има стара маркација, се стигнува за отприлике саат време. А може да се заобиколи од десната страна. Од Преслап може да се дојде по шумски пат, има и патека по која за околу 40-50 минути се стигнува до ливадата кај викендиците.
Mапа (251 КБ)

Опис: Георгиевски Ванчо
17.12.2006


Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Еверест 2010

ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ

Ве известуваме дека Ориентациониот клуб Трансверзалец Скопје на 26.03.2011 год.- Сабота на локацијата Градски парк ...

СПОРТСКА ОРИЕНТАЦИЈА

ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ ВО СПОРТСКА ОРИЕНТАЦИЈА 09.11.2010 ...

Шарски води 2009

Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ...

Водно 2009

Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно.

Алпинистичко училиште

Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ...

Титов врв 2008

На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани