ТИМ ЗА СПАСУВАЊЕ НА ПЛАНИНА

Во рамките на Црвениот Крст на град Скопје и Единицата за одговор при катастрофи на Црвениот Крст на Р.Македонија, функционира и работи „Тим за спасување на планина“. Членовите на Тимот се професионално обучени за спасување на планини, спасување на непристапни терени, спасување за време на огнени стихии, спасување на високи објекти, пружање на прва помош итн.
Сите членови на Тимот се со долгогодишно искуство во некој од планинарските спортови (планинарење, алпинизам, спортско качување, спелеологија, скијање, палаглајдерство, подобранство, планински велосипедизам).
Тимот за спасување на планина ја опслужува и првата и единствена Планинско спасителна станица која се наоѓа на Средно Водно, и која работи за време на викендите и неработните денови од 08 до 20 часот.
Тимот им стои на располагање на сите оние на кои им е потребна стручна помош во било која област од планинарските спортови.

Телефони за контакт: 075/928-587, 070/317-803, 02/3177-026.

Следуваат фотографии од активностите на Тимот:

Текст: Атанас Стојковски
Командир на Тимот за спасување на планина
06.06.2008


Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Меккинли 2008

Славеј Планина 08

По повод 18-ти Август - Денот на АРМ, Ве покануваме на 6-от Меморијален марш и ...

Ориентација

Отворено Првенство на Охрид, Меѓународен натпревар во Спортска ориентација ...

17-то искачување на Голем Кораб

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

Маратон „Јасен 2008“

Од стартот стрмната угорнина која беше наш предизвик, дружбата, чистиот воздух на Сува ...

Меморијал Мурато 08

На 19-тото традиционално искачување на Пелистер (2601 мнв) во чест на нашиот Димитар ...

Голем Кораб 07

Кораб е единствената планина во Македонија со алпски карактеристики. Пејсажите и климата ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани