Фејсбук група

СИСТЕМ НА ТУРИСТИЧКАТА МАРКАЦИЈА ВО ЧЕШКА И ВО СЛОВАЧКАТА РЕПУБЛИКА

Пешачкиот туризам и планинарството во државите на бившата Чехословачка имаат долга традиција. Првите патеки биле маркирани веќе во 2-рата половина на 19-от век. Освен друштвата здружени во Клубот на чешките туристи - „КЧТ“ (1), маркации изработувале и друштвата на националните малцинства - германско и полско, во Словачка и унгарското. До крајот на Втората светска војна била завршена првата етапа на маркирањето на територијата на републиката. Со почетокот на комунистичкиот период дејноста на „КЧТ“ била укината, и во тоа време патеките биле маркирани од членови на туристичките и планинарските одреди обединети во Фискултурниот сојуз. Терените и планините со соседните Германија и Австрија биле затворени, многу објекти на тоа подрачје биле срушени. Главната активност се одвивала во малку познатите планини на средна и источна Словачка, како и во централниот дел на Чешка.
По паѓањето на комунизмот Клубот на чешките (до поделбата чехословачки, во Словачка сега словачки) туристи повторно ја оживува својата дејност - во последните 15 години согласно новите трендови се маркираат и првите патеки за велосипедизам, планински велосипедизам и скијачки патеки. Вкупната должина на пешачките и велосипедските патеки во Чешка изнесува околу 40 000 км, од нив пешачки патеки во должина од 1470 км се составен дел на меѓународните патеки на Европската пешачка туристика (EWV), во Словачка се наоѓаат околу 11 000 км пешачки патеки. Заради сето ова можеме да кажеме дека Чешка и Словачка имаат една од најдобрите и најквалитетни мрежи на маркирани патеки.
Маркирањето на патеките се врши со 4 основни бои за маркирање (2). Секоја има посебно значење. За жал малку планинари и туристи истите сега ги познаваат.
Црвена маркација - главна траса по гребен, главна траса на туристички интересна територија, трансверзала. Плава маркација - главна траса, спојка меѓу одмаралишта, летувалишта и почетни бази. Зелена маркација - почетен и завршен дел на патека, обично до спомениците на културата или
природата. Жолта маркација - крстосница на главни патеки.
На терен има разлика од пешачки патеки (3), патеки за скијачко трчање (4) и велосипедизам (5). Ознака за приоди од патеки према врв или видиковец (6); према рушевини на средновековни градови и тврдини (7); чешми, извори или места со питка вода (8) и останати интересни историски и споменици на културата (9). Секој вака маркиран приод има должина до 1 км. И се разбира секоја маркирана патека има свој почеток и крај (10).
На гребените каде во зимскиот период има многу снег на секои 5 метри од патеката има столбови високи околу 3 метри со ознаки за приближна висина на снегот. Патоказите во Чешка и Словачка имаат единствен (ист) облик. Се разликуваат само по боја, и тоа пешачка (11), скијачка (12) и велосипедска (13). Кога пешачката патека е во состав на меѓународна патека (14), има и број на патеката, на патоказите може да има и посебни симболи на пр. на скијачка патека (15) се наоѓа и соодветен скијачки симбол. На поинтересните места (16), во наведениот пример има ознака за рушевини на средновековен град а со него и текст за историјата на објектот. Во Чешка заради тоа што нема високи планини, како мерка се користи километража, а во Словачка се користи сатница.
Кога велосипедските патеки се на државен пат се користат маркации со број на велосипедската патека (17), на раскрсниците со километража (18). Едукативните патеки имаат посебна маркација (19) и „Патеки на здравје“ во (20) околина на летувалиштата или бањите.
Неколку фотографии од Чешка и Словачка од Јакуб Хлоусек и Јири Куехнел (сл. 6):

Lysa hora (1323 мнв), највисок врв на планината Beskydy во Чешка. За жал голем дел од површините под шума се оштетени од гасовите што ги испуштаат хемиските фабрики и киселите дождови Едукативна патека во околината на градот Брно по карстен терен Објект за туризам - видиковец на Чешко-моравската висорамнина
Поглед од видиковец на планината Jestrebi hory 22.05.2004 на планината Jeseniky Во Словачка не се само Татрите, западно од Високите Татри, исто на границата со Полска се наоѓа масивот Babia hora (1725 мнв)
Словачка - Polana, највисок поранешен вулкан во Средна Европа Мотив од Pohronski inovac Планината Pohronski inovec во Словачка - прв гребен што се издига од панонскиот базен

Текст: Јакуб Хлоусек
Слики: Ј.Х. и Јири Куехнел (сл. 6)
Со материјалите од КЧТ помогна г-ѓата Сватава Петкова, главен уредник на ревијата КЧТ - “Туриста”


Завршен извештај

Водопад на Длабока река

Еверест 2010

ОТВОРЕНО ПРВЕНСТВО НА СКОПЈЕ

На 09.11.2010 (вторник) се организира меѓународен натпревар во Спортска ориентација на локацијата Средно Водно - Марково крувче ...

Шарски води 2009

Убаво време и добро расположение. Па ни требаше ли уште нешто?! Уште на самиот старт ...

Водно 2009

Резултати од Првото коло на Лигата на Македонија во Ориентација одржано на 12.04.09 на Водно.

Алпинистичко училиште

Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште ...

Титов врв 2008

На 20 декември 2008 година се собравме во пл. дом „Смрека“, 15 планинари од Тетово, Скопје и Штип ...

Ориентација - Водно

Резултати од Отвореното првенство на Скопје во Ориентација во организација на ДПС „Трансверзалец“ - Скопје ...

Алпи 2008

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел ...

Попова Шапка-Вруток

Можам да кажам дека 22 Јуни (недела) за сите оние кои учествуваа на маратонот, но и за оние ...

Трпејца 2008

КПС „Македон“ од 17 до 20 јули 2008 година го организираше кампот за спортско качување ...

Демир Капија 2008

Помина и најголемиот качувачки хепенинг кој е досега одржан кај нас. Можеме да истакнеме ...

Титов врв 2008

Во организација на ПК „Љуботен“ - Тетово се одржа 27-то традиционално искачување на ...

контакт               линкови               мапа на сајтот               webmaster

MKDmount 2005-2008    Сите права се задржани