СИСТЕМ НА ТУРИСТИЧКАТА МАРКАЦИЈА ВО ЧЕШКА И ВО СЛОВАЧКАТА РЕПУБЛИКА

Пешачкиот туризам и планинарството во државите на бившата Чехословачка има долга традиција. Првите патеки биле маркирани веќе во 2-рата половина на 19-от век. Освен друштвата здружени во Клубот на чешките туристи - „КЧТ“ (1), маркации изработувале и друштвата на националните малцинства - германско и полско, во Словачка и унгарското. До крајот на Втората светска војна била завршена првата етапа на маркирањето на територијата на републиката. Со почетокот на комунистичкиот период дејноста на „КЧТ“ била укината, и во тоа време патеките биле маркирани од членови на туристичките и планинарските одреди обединети во Фискултурниот сојуз. Терените и планините со соседните Германија и Австрија биле затворени, многу објекти на тоа подрачје биле срушени. Главната активност се одвивала во малку познатите планини на средна и источна Словачка, како и во централниот дел на Чешка.
По паѓањето на комунизмот Клубот на чешките (до поделбата чехословачки, во Словачка сега словачки) туристи повторно ја оживува својата дејност - во последните 15 години согласно новите трендови се маркираат и првите патеки за велосипедизам, планински велосипедизам и скијачки патеки. Вкупната должина на пешачките и велосипедските патеки во Чешка изнесува околу 40 000 км, од нив пешачки патеки во должина од 1470 км се составен дел на меѓународните патеки на Европската пешачка туристика (EWV), во Словачка се наоѓаат околу 11 000 км пешачки патеки. Заради сето ова можеме да кажеме дека Чешка и Словачка имаат една од најдобрите и најквалитетни мрежи на маркирани патеки.
Маркирањето на патеките се врши со 4 основни бои за маркирање (2). Секоја има посебно значење. За жал малку планинари и туристи истите сега ги познаваат.
Црвена маркација - главна траса по гребен, главна траса на туристички интересна територија, трансверзала. Плава маркација - главна траса, спојка меѓу одмаралишта, летувалишта и почетни бази. Зелена маркација - почетен и завршен дел на патека, обично до спомениците на културата или
природата. Жолта маркација - крстосница на главни патеки.
На терен има разлика од пешачки патеки (3), патеки за скијачко трчање (4) и велоспиедизам (5). Ознака за приоди од патеки према врв или видиковец (6); према рушевини на средновековни градови и тврдини (7); чешми, извори или места со питка вода (8) и останати интересни историски и споменици на културата (9). Секој вака маркиран приод има должина до 1 км. И се разбира секоја маркирана патека има свој почеток и крај (10).
На гребените каде во зимскиот период има многу снег на секои 5 метри од патеката има столбови високи околу 3 метри со ознаки за приближна висина на снегот. Патоказите во Чешка и Словачка имаат единствен (ист) облик. Се разликуваат само по боја, и тоа пешачка (11), скијачка (12) и велосипедска (13). Кога пешачката патека е во состав на меѓународна патека (14), има и број на патеката, на патоказите може да има и посебни симболи на пр. на скијачка патека (15) се наоѓа и соодветен скијачки симбол. На поинтересните места (16), во наведениот пример има ознака за рушевини на средновековен град а со него и текст за историјата на објектот. Во Чешка заради тоа што нема високи планини, како мерка се користи километража, а во Словачка се користи сатница.
Кога велосипедските патеки се на државен пат се користат маркации со број на велосипедската патека (17), на раскрсниците со километража (18). Едукативните патеки имаат посебна маркација (19) и „Патеки на здравје“ во (20) околина на летувалиштата или бањите.
Неколку фотографии од Чешка и Словачка од Јакуб Хлоусек и Јири Куехнел (сл. 6):

Lysa hora (1323 мнв), највисок врв на планината Beskydy во Чешка. За жал голем дел од површините под шума се оштетени од гасовите што ги испуштаат хемиските фабрики и киселите дождови Едукативна патека во околината на градот Брно по карстен терен Објект за туризам - видиковец на Чешко-моравската висорамнина
Поглед од видиковец на планината Jestrebi hory 22.05.2004 на планината Jeseniky Во Словачка не се само Татрите, западно од Високите Татри, исто на границата со Полска се наоѓа масивот Babia hora (1725 мнв)
Словачка - Polana, највисок поранешен вулкан во Средна Европа Мотив од Pohronski inovac Планината Pohronski inovec во Словачка - прв гребен што се издига од панонскиот базен

Текст: Јакуб Хлоусек
Слики: Ј.Х. и Јири Куехнел (сл. 6)
Со материјалите од КЧТ помогна г-ѓата Сватава Петкова, главен уредник на ревијата КЧТ - “Туриста”

Ilinden 2006

It was a very hot summer morning, July 29th, Saturday. We gathered at 9 o’clock in front of the curch ...

-----------------------------

Deep river 2004

Report from Zezovski Ivan who guided the TV crew that wanted to tape the biggest waterfall in Macedonia ...

contact               links               site map               webmaster

MKDmount 2005-2006    All rights are reserved